АРХИТЕКТУРА
И на Хенри му е потребен дом! | И на Хенри му е потребен дом! |
Познавачите на британското општество денес во Хенри ќе го препознаат
фамилијарниот модел на правосмукалка. А зошто на Хенри му е потребен
дом, одговорот може да се најде во резултатите на најновото истражување
"Како живееме денес: што им е потребно на луѓето и што очекуваат тие од
нивните домови", изготвено од страна на Ипсос МОРИ (Ipsos MORI),
организација специјализирана во областа на истражувањето на јавното
мислење, а за потребите на Кралскиот институт на британските архитекти.
Зошто и на Хенри му е потребен дом? Затоа што во дел од британските домови нема место за чување ниту на основните предмети во едно домаќинство, вклучително со место за чување на правосмукалка. Така, се наведува примерот за правосмукалка која се чува во куќата на мајката, одалечена 20 минути возење, или пак примерот на домаќинство кое ги чува прехрамбените прозиводи купени по дисконтна цена (купи едно доби едно бесплатно) во багажникот на автомобилот. Затоа во најавата за истражувањето објавена на веб страницата на Хоумвајз (HomeWise) што се наоѓа во рамките на веб страницата на Кралскиот институт на британските архитекти, (www.architecture.com) се истакнува дека некои домаќинства не само што немаат доволно место за чување на предметите од сентиментална вредност, како на пример вештачката новогодишна/божиќна елка или венчаницата, туку во нивниот дом нема место за чување ниту на најосновните предмети во домаќинството, како даската за пеглање, кантите за рециклирање, па дури и за прехранбените производи.
Во извештајот се идентифицираат осумте клучни работи кои им се потребни на луѓето и кои тие би сакале да ги имаат во своите домови денес.
Тоа се:
1. Место за долгорочно и краткорочно чување на употребни предмети и лични предмети кои луѓето се одлучиле да ги чуваат за време на својот живот.
2. Наменски утилити простор за извршување на домашните работи како перење, сушење и пеглање на алиштата со место за чување на правосмукалка, но и место за чување на сметот и рециклирање на истиот.
3.
Големи прозорци за природно осветлување, големи прост
4. Голем простор за дневен престој за социјализација преку заедничко јадење и пречекување гости, но и за релаксација при што се нагласува потреба од постоење барем на елемент отворено решение (каде дневната, трпезаријата и кујната меѓусебно се поврзани или сите заедно или барем по две) за да се овозможи пречекување на пријателите и семејството.
5. Решение на просторот кое ќе ги земе предвид електричните и електронските уреди кои се користат во домовите, со оглед на тоа што луѓето сакаат да имаат доволно штекери во домовите и место за чување на овие уреди, а за да се овозможи тие да си го уредат мебелот и просториите со различни распореди.
6. Простор за изолација каде човек ќе може да помине лично време за да се издвои од останатите членови на домаќинството. За сите старосни групи и особено во оние случаи каде повеќе генерации живат заедно, се смета дека просторот за изолација придонесува за чувството на добросостојба во нашите домови. Исто така се посочува и есенцијалната потреба за соодветна звучна излоација во рамките на и помеѓу домаќинствата.
7. Приватен надворешен простор или пристап до озеленет јавен простор во урбаните локации како значаен елемент за добросостојбата на сите, и особено клучен за семејствата каде родителите сакаат безбедно место надвор од објектот за играње на децата.
8. Можности за различни решенија за домовите. И покрај тоа што истражувањето идентифицирало одредени универзални потреби како постоење на флексибилен простор за пречекување на гости и социјализација, со истото биле утврдени и различни потреби и очекувања во зависност од местото на домаќинството во животниот циклус, големината и возраста на домаќинството и семејствата, како резултат на што не постои единствен стандарден распоред на дом кој ќе ги задоволи потребите на сите луѓе.
Резултатите од ова истражување не се изненадувачки. На пример потребата за простори за чување на предмети или пак потребата за поголеми простории во голема мерка се надоврзуваат на резултатите од претходното истражување во рамките на програмата Хоумвајз "Аргумент за простор" од 2011 година. Со ова истражување се утврдило дека новите домови изградени од најголемите градежни фирми кои градат станови за пазарот се 8 проценти помали по големина од минималните препорачани големини на станбените единици, и дека домовите изградени во Британија се најмали по површина во споредба со домовите изградени во која било друга западноевропска земја.
Потребата од простор за чување на сметот и неговото рециклирање станува се поизразена во Британија затоа што локалните власти се почесто го организиираат собирањето на сметот и на рециклираните материјали или еднаш неделно, или пак преку една недела, при што една недела се собира сметот, а другата рециклираното. Ваквиот пристап во однос на собирање на сметот одредени коментатори, барем делумно, го поврзуваат со определбите на локалните власти за финасиски заштеди, но несомено е дека ваквиот пристап создава проблеми бидејќи најчесто сметот и рециклираните материјали треба да се чуваат во рамките на домаќинството подолго време.
Пред десетина години, во 2003 година, се направи обид за намалување на проблемите со бучава преку воведување на нови градежни прописи со кои се зголемија барањата за звучна изолација помеѓу станебните единици, со што состојбата делумно е подобрена, но ефектите се релативно ограничени со оглед на тоа што прописите важат само за новоизградени и новореконструирани објекти за кои важат нешто помалку ригорозни правила.
Според Бен Пејџ (Ben Page), главниот извршител на Ипсос МОРИ, истражувањето сликовито укажува колку тесни и слабо испроектирани се поголем дел од домовите денес, и на исклучителните напори коишто ги вложуваат домаќинствата за да се справат со овие проблеми. Според него, Кралскиот институт на британските архитекти е целосно во право кога се обидува да укаже на оваа состојба. Веројатно британските домаќинства ќе треба да почекаат извесно време пред да можат да видат дали извештајот ќе резултира во посакуваните промени за подобро задоволување на нивните потребите и очекувањата во однос на домовите што сакаат да ги купат.
|