НАСЛОВНА
 
Ќе се реновира Паркот на Пушкин во општина Кисела Вода

Скопје, 7.04.2009 - По повод 210 години од раѓањето на рускиот поет Александар Серgeeвич Пушкин, на улицата „Пушкинова“ во општина Кисела Вода ќе се реновира Паркот на Пушкин и ќе се постави биста на поетот во висина од еден метар од авторот Леонид Ватњик. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Џорџе Арсов рече дека паркот во урбаниот дел на Кисела Вода ќе послужи за одржување на културни и музички манифестациии и најави одржување на „Пушкинови денови“. Сурен Ерицјан, претставник на Амбасадта на Руската Федерација потенцира дека со нивна помош, бронзената биста на Пушкин, тешка 145 килограми и висока еден метар ќе биде поставена на постамент висок два метри. Елена Силјановска од Меѓународната Федерација на рускојазичните писатели посочи дека во 2009 година се одбележуваат 200 год од раѓањето на Гогољ и 210 години од раѓањето на Пушкин. - Во рамки на програмата „Светско културно наследство, фундаментални вредности, рускиот јазик и свет без војна“ која започна пред шест месеци, веќе има многу договори кои се однесуваат на поставување споменици на Пушкин, а еден од нив е и во Македонија, рече Силјановска. Таа додаде дека на 6 март годинава поставен е споменик на Пушкин во Панама, а треба да се постават и во Полска, Италија, Грција и Унгарија. Паркот на Пушкин покрај биста на поетот ќе содржи и бина, ќе се постават клупи и 40 канделабри, а симболично во паркот ќе се засадат и брези. Проектот, дело на инженерот Љубомир Гиговски, треба да заврши до 6 јуни, на роденденот на Пушкин. (МИА)