НАСЛОВНА arrow ГРАДЕЖНИШТВО
 
ГРАДЕЖНИШТВО
Најдолгиот пешачки дрвен мост во Европа

najdolgiot-pesacki-drven-most-2.jpgВо западниот дел на Грузија се наоѓа областа Анаклија која се простира на брегот на Црното Море, и е позната како регион во кој се сместени голем број хотели, марини, аква-центри, спортски центри, здравствени установи и друго. Во северниот дел од Анаклија тече големата река Енгури, која се влева во Црното Море. Во минатото, овој дел на реката бил недостапен за посетителите на Анкалиа, но со изградбата на пешачкиот мост во должина од фантастични 505 метри дојде до поврзување на двата брега.

 

 

 

читај повеќе
 
Редефинирање на критериумите за „добро“ училиште

redefiniranje-na-kriteriumite-1.jpgТрендот на изградба на едукативни единици со низок буџет и стандардизирана конструкција го зафати светот, а не нè одмина ниту нас. Последните години во Македонија беа изградени, можеби не нови училишта, но спортските сали во состав на основните и средните училишта ширум нашата земја, беа изведени како унифицирани објекти, со исти димензии и дизајн. Со овој начин се заштедуваат пари и време на изработката на проектите и нивно физичко имплементирање со веќе разработена методологија на градба.

 

 

 

читај повеќе
 
Нов живот за старите материјали

nov-zivot-za-starite-materijali-1.jpgЧинот на реконструкција, или пак рушење на старите и градење на нови објекти зазема се поголем залет со навлегувањето на сè поевтините материјали со сомнителен квалитет. Шутот што притоа се создава претставува важна ставка во секоја градежна активност, посебно неговиот транспорт до депонија. Но оваа појава освен од економски аспект, може да се набљудува и од еколошки, каде секоја година се создаваат тони отпаден материјал само од рушењето или реконструкцијата на постојните објекти.

 

 

 

читај повеќе
 
Дали армираниот бетон ќе биде заменет од текстилниот бетон?

dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-1.jpgКлучниот елемент на пронајдокот е во тоа што за стабилизацијата на бетонот, место челични шипки се користат текстилни влакна. Градбите кај кои се користи обичен, армиран бетон, мораат да се обезбедат од различни опасности - пред сè челичните носачи мораат да се заштитат од корозија.

 

 

 

читај повеќе
 
Не е доволно само да се изградат брани

ne-e-dovolno-1.jpg"Заборавените" брани и вештачки акумулации се причината зошто сега ни се случува она што се случува - излевање, нарушување на нивната статика, отворање на процепи, големи штети, опасност за населението. Последните случаи со излевањето на браните Слатино и Пишица ја потврдува констатацијата дека станува збор за опасни локации на кои треба час поскоро да се интервенира за да се избегне сегашната состојба.

 

 

 

читај повеќе
 
Дали Њујорк ќе се заштити од идните супер бури?

dali-njujork-ke-se-zastiti-1.jpgПојавата на урагани по должината на брегот на Атлантскиот Океан, во зависност од годишната сезона, е честа појава во крајбрежните американски градови, при што ураган од катастрофални размери се предвидува да се случи еднаш на столетие. Сепак, со промената на климата и зголемувањето на нивото на светските води, зачести и појавата на водните бури. Само за една година, Соединетите Американски Држави ги погодија дури два тропски циклони и тоа едни од најголемите во историјата.

 

 

 

читај повеќе
 
Механичка брана - спас за Венеција

spas-za-venecija-1.jpgКлиматските промени на глобално ниво предизвикуваат чести поплави на градовите што излегуваат на светските води. Нивото на водните површини е алармантно зголемено, со тенденција за понатамошно растење. Тоа предизвикува бројни проблеми на приморските држави, кои со примена на различни механизми се обидуваат да ја заштитат територијата и населението од прекумерните поплави и оштетувања.

 

 

читај повеќе
 
Прибежиште на Мон Блан

pribeziste-na-mon-blan-1.jpgПланинарскиот дом 'Refuge du Goûter' на францускиот алпинистички клуб е извонредна градба која со нетрпение се очекува да биде завршена во текот на наредната година. Причините за нејзината популарност се навистина многубројни; таа претставува градежен и архитектонски предизвик тргнувајќи од фактот што се наоѓа на највисокото градилиште во Европа, под самиот врв Мон Блан, огромните предизвици при нејзиното проектирање, лесната конструкција како и нејзината енергетска одржливост и независност, ја прават уникатна во поглед на технологијата, управувањето со ресурсите, како и обновливата енергија, и придонесуваат таа целосно да припаѓа на новата генерација на еколошки градби.

 

 

 

читај повеќе
 
Инјектирање и санација на хидротехнички објекти и тунели

injektiranje-i-sanacija-1.jpgВо организација на компанијата АДИНГ АД Скопје, и во соработка со Градежниот Факултет - Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Друштвото за геотехника на Македонија, пред голем број слушатели, беше одржана презентација на тема "Оптимализација и рационализација при санација на хидротехнички објекти со техника на инјектирање и санација на тунели со материјали од програмата на TPH".

 

 

 

читај повеќе
 
Хидројаловиштата се безбедни

hidrojalovistata-1.jpgКаква е состојбата на рудничките хидројаловишта во нашава држава? Како тие се градени и како со нив денес се управува? Дали овие големи брани во кои се складира јаловината од рудничките флотации се закана по луѓето и животната средина во Пробиштип, Македонска Каменица, Радовиш и Крива Паланка, градови во чии близини се наоѓаат нашите големи рудници "Злетово", "Саса", "Бучим" и "Тораница"?

 

 

 

читај повеќе
 
<<  1 2 3 4 5 6  >  >>

Резултати 1 - 15 од 76