НАСЛОВНА arrow ИНФО
 
ИНФО
Бахаиските градини над Хаифа

bahaiskite-gradini-1.jpgГрадините на Хаифа претставуваат многу важно место во животот на секој жител од овој град. Подигнати се во геометриски стил, а претставуваат каскадно поставени зелени површини, кои се спуштаат по падината на Кармел, од каде има прекрасна панорама кон градот и Средоземото Море. Ова совршенство е дело на архитектот Фарибурз Сахба. Овие градини се едно од најпосетените места во Израел.

 

 

 

читај повеќе
 
Полен- еден од најчестите предизвикувачи на алергија

polen-eden-od-najcestite-1.jpgНаучно со 100% точност не може да се објасни зошто некои луѓе имаат зголемена чувствителност на алергени. Она што се чувствува кога алерген доаѓа во контакт со вас е резултат на верижна реакција да се спречи напад од страна на надворешна супстанца. Овие реакции предизвикуваат досадни симптоми кои ние го нарекуваме алергии. Алергија која е предизвикана од алергени преку вдишување се дефинира како респираторна.

 

 

 

читај повеќе
 
Зелена борба против ефектот „Urban Heat Island“

zelena-borba-protiv-efektot-1.jpgСкоро две третини од светската популација живее во урбаните средини. До 2030 година се очекува нивото на урбанизација да се зголеми до 75%, поради постојаното мигрирање од руралните во градските подрачја. Зголемената урбанизација негативно се одразува на животната средина, првенствено со загадување, изменување на физичката и хемиската особина на атмосферата, како и покривањето на земјината површина.

 

 

 

читај повеќе
 
Црква трансформирана во луксузен дом

crkva-transformirana-vo-luksuzen-dom-1.jpgСигурен сум дека сте читале многу интересни работи за многу градби, кои не само што се чудни туку можат да се сметаат и како застрашувачки. Но не верувам дека сте слушнале дека постои и црква во која може да се живее. Да, црква која се наоѓа во центарот на Лондон е трансофмирана во еден од најскапите домови во Англија, и сега е на продажба по цена од околу 40 милиони евра.

 

 

 

читај повеќе
 
Блесокот на равенските мозаици

blesokot-1.jpgИма места и објекти кои од првата средба ти влегуваат под кожа, исто како што е со луѓето. Таква беше мојата средба со црквата Св. Витале во Равена. Влегуваш и се губиш во просторот, насобрани луѓе пред големиот олтар сликаат, снимаат, главите им се кренати високо горе. Толку многу ги има, а толку се ситни, како песок пред тоа што силно блеска - мозаиците во олтарниот простор на Св. Витале.

 

 

 

читај повеќе
 
Убавините и ужасите на „океанските“ простории

ubavini-i-uzasi-na-okeanski-1.jpgАко работите во канцеларија од отворен тип, најверојатно сте си го поставувале прашањето: кому му паднала во глава таа идеја, за која денес плаќате и вие и вашите колеги? А сè почна пролетта 1962 година, кога на студентот од четврта година на архитектонскиот факултет, Британецот Френк Дафи, му порачаа да направи план за канцелариски простор.

 

 

 

читај повеќе
 
По 25 години под вода Епекуен одново се раѓа

po-25-godini-pod-voda-1.jpgВо Аргентина, на околу 600 километри југозападно од Буенос Аирес над површината на водата повторно се раѓа градот Епекуен. Станува збор за туристичко место кое било основано во 1920 година по должината на брегот на езерото Епекуен, кое се одликува со тоа што содржи голема концентрација на сол, веднаш после Мртвото Mоре.

 

 

 

читај повеќе
 
Цвеќиња за разигрување на балконите

cvekinja-za-balkoni-2.jpgСо доаѓањето на пролетта и покачувањето на температурите постепено ќе почнат да се појавуваат и саксиите со цвеќе по балконите. Цвеќињата, кои народот кај нас ги одгледува на балконите, најчесто се традиционални. Најчесто се одлучуваме за сезонски цвеќиња како пеларгониумот, вербената, петуниите, водениката и слично.

 

 

 

читај повеќе
 
Природна заштита од бучава

prirodna-zastita-od-bucava-1.jpgБучавата е еден од главните фактори за намалениот квалитет на живеење, особено во урбаните средини, каде константно е присутна. За да се постигне намалување на бучавата, најчесто се користат бариери од најразлични материјали, не земајќи ја предвид едноличноста и монотонијата што може да ја предизвикаат. Единствена предност како решение за заштита од бучава е тоа што зафаќаат помала површина, но не може да се каже дека имаат поголем ефект од растителните паравани, бидејќи во целост ја одбиваат бучавата, но не ја апсорбираат.

 

 

 

читај повеќе
 
Лустер направен од повеќе модули

enterier-luster-1.jpgMодуларниот лустер "Hood" е дизајниран за ателјето Lyktan, а премиерно е претставен на Стокхолмската недела на дизајн во февруари оваа година. Лустерот претставува "засолниште" кое во потполност го исполнува просторот и дава пријатна светлост.

 

 

 

читај повеќе
 
<<  1 2 3 4 5 6 7 8 9 10  >  >>

Резултати 1 - 15 од 538