ЗАХА ХАДИД (1950), по потекло
од Ирак, спаѓа меѓу оние млади
архитекти кои и даваат поттик
на британската архитектура по
депресијата што настанува во 1988
година. Нејзиниот неконвенционален,
живописен и екстравагантен
архитектонски израз е стимулиран од
супрематизмот на Казимир Малевич
и на Ел Лисицки. Бидејќи една од
целите на Заха Хадид е да збуни и да
шокира, нејзините први објекти Филип
Џонсон ги прикажува на изложбата за
деконструктивистичката архитектура
во Њујорк (1988).
|
|
читај повеќе
|
|
ДРУШТВОТО АРУП е формирано во 1963 година
од инженерот Оув Аруп (1895-1988) и
архитектот Филип Даусон (1924-) и со тек на
времето станува глобален концерн, кој
вработува многу мултидисциплинарни групи, кои се
занимаваат речиси со сите области на архитектурата и
урбанизмот. Во добар дел од нивното архитектонско
творештво е нагласена инженерската компонента,
така што во тоа својство тие се јавуваат и како
партнери на Фостер кај банката во Хонг Конг.
|
|
читај повеќе
|
|
|
Корените на новиот
„академизам“
во проектот
„Скопје 2014“
Убеден сум дека никому од нас, ниту
во мрачен сон не му се појавила
кошмарната бројка 333, ама факт е
дека токму толку години поминаа од
1677 година, кога владетелот на половината
земјина топка кралот Сонце - Луј XIV, преку
својот способен прв министер Колбер, за прв
пат во историјата ја оформи Академијата на архитектурата.
|
|
читај повеќе
|
|
Со доградбата на Уметничкиот
музеј Џослин во Омаха, Небраска
(1992-94), Норман Фостер
покажува дека е мајстор и за создавање
на обликовно единство на старото и
новото. Новиот волумен тој го прави од
ист материјал и со иста височина како
пониското крило на стариот објект, со
тоа што воспоставува врска меѓу нив со
вовлечен стаклено-челичен кубус.
Гимназијата Алберт Ками во Фрежис,
Франција (1992-93), е поставена на еден
брег кој гледа кон морето, а нејзиниот
концепт претставува модерна
инерпретација на локалното
долговековно градителство.
|
|
читај повеќе
|
|
Норман Фостер (1935-), по дипломирањето во Манчестер, магистрира на универзитетот Јејл во САД,
каде што го прима влијанието на Сергеј Чер маев и
Луис Кан. Во 1963 година, заедно со Ричард Роџерс во
Лондон ја формира фирмата Тим 4, а потоа соработува на
многубројни про екти со Бакминстер Фулер. Од 1975
година тој постојано го зголемува бројот на сора ботниците
во својата фирма, така што во средината на 90-тите години
има над 250 соработници разместени во не колку ателјеа
низ Европа и Азија.
|
|
читај повеќе
|
|
Во 1977 година е формирана
фирмата ричард роџерс и
партнерите, која следната
година победува на
конкурсот за седиштето на
компанијата Лојд во Лондон (1979-
86). Исто како и кај центарот во Париз,
и овде се следи скулптуралната
експресионистичка линија на хај-тех
архитектурата. Објектот е конципиран
за да ја изразува постојаната
експанзија на компанијата, што значи
дека може да се доградува чекор по
чекор со додавање или одземање на
елементи, без да се наруши неговиот
интегрален архитектонски израз.
|
|
читај повеќе
|
|
Следните дела на Џејмс
Стирлинг нудат нови раз-
мислувања за компози-
цијата на формите, така
што неговата филозофска
склоност прави пат за новиот екс-
пресионизам. Таквата тенденција е
веќе присутна кај галеријата Клор (1980-
86), како и кај доградбата на галеријата
Тејт (1985) во Лондон. Архитектурата
на последниот објект, преку изнена-
дувачката трансформација на фасад-
ните материјали, бара рамнотежа со
стариот објект.
|
|
читај повеќе
|
|
Проучувајќи го општиот развој на архитектурата, видливо
е дека во средината на 60-тите години на ХХ век,
за време на поп-артот, се појавува една утописка
,,вонинституционална” архитектура, која би можела
да се нарече деконструкција. Протагонисти на таа
архитектура во Велика Британија се членовите на групата
Архиграм, меѓу чии лидери е Питер Кук. Всушност, во времето на
технолошката еуфорија од 70-тите години, групата Архиграм има
особена важност за европската архитектонска сцена. Нејзиното критичко откровение на еден суперфутуристички фантастичен
свет е позитивно протолкувано од многу архитекти.
|
|
читај повеќе
|
|
Од 1960 година најзначајни
реализации во архитектурата
на В. Британија се прават во
областа на административните
и станбените објекти. Дотогаш,
со закон ограничената височина на објектите
до 30 м, под извесни услови е дозволено да
се надмине, така што наместо 9-10 ката,
тие добиваат и по 20-30 ката.
|
|
читај повеќе
|
|
|
<< < 1 2 3 4 5 > >>
|
| Резултати 1 - 9 од 41 |