НАСЛОВНА arrow ЕКОЛОГИЈА
 
ЕКОЛОГИЈА
„Неоткриениот свет на Динаридите“

neotkrieniot-svet-na-dinaridite-1.jpgНајголемиот кањон во светот, по Кањонот на Колорадо во САД, најстарата и најголемата европска шума во која човекот сè уште не стапнал, ливада со повеќе видови орхидеи отколку во цела Велика Британија, најголемата подземна вертикала во светот, најголемата и најдолгата клисура на светот... Сите овие природни богатства се скриени и може да се видат во регионот на Динарските планини, а сега преку проектот "Парковите на Динарската верига" што го реализира Светскиот фонд на дивиот свет (WWF) ќе добијат подобра заштита и ќе развиваат одржлив туризам.

 

 

 

читај повеќе
 
На фитопланктонот му е потребно итно пребројување

na-fitoplanktonot-1.jpgИстражувачите од Универзитетот во Плимут, Велика Британија, ги повикаа морнарите и рибарите да учествуваат во единствената глобална студија, која ќе го одреди количеството фитопланктон во океаните, и тоа преку апликација за мобилен телефон. Фитопланктонот е група едноклеточни организми кои се на почетокот на синџирот на исхрана во морските екосистеми.

 

 

 

читај повеќе
 
Петиција за спас на африканските слонови

peticija-za-spas-na-afrikanski-slonovi-1.jpgПовеќе од 520.000 луѓе од сите делови на светот досега ја потпишале интернет-петицијата на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) за спас на африканските слонови и за спречување на нелегалната трговија со слонова коска во Тајланд (http://wwf.panda.org). Од WWF се надеваат дека ќе соберат еден милион потписи, кои планираат да му ги предадат на тајландскиот премиер Јинглук Шинаватра со барање целосно да ја забрани трговијата со слонова коска во Тајланд, на Конференцијата на земјите потписнички на CITES - Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора, којашто моментално се одржува во Бангкок, а ќе трае до 14 март.

 

 

 

читај повеќе
 
Големи очекувања, скромни изгледи за наследникот на Протоколот од Кјото

konferencija-za-borba-protiv-klim-1.jpgФинансирањето, компензацијата на штетите предизвикани од климатските промени и алокацијата на јаглеродните кредити се главните точки околу кои не успеаја да се согласат претставниците на 200 земји членки на Обединетите нации, на конференцијата за борба против климатските промени, што од 26 ноември до 7 декември се одржуваше во Доха, Катар.

 

 

 

читај повеќе
 
Потреба за одржлива иднина?!

potreba-za-odrzliva-idnina-3.jpgСпоред анализите и проценките извршени од страна на UNDP, 20% од најбогатите луѓе на планетата заработуваат 80% од вкупниот светски приход. За разлика од овој податок, најсиромашните 20% од луѓето на нашата планета заработуваат 1,4% од вкупниот светски приход. 75% од луѓето на светот живеат во земјите во развој, додека само 25% живеат во развиени земји. Најголем дел од сиромашните луѓе живеат во Јужна Азија, Блискиот Исток и Африка.

 

 

 

читај повеќе
 
Преспа се враќа на старите патеки

prespa-se-vraka-1.jpgПреспански регион – некогаш симбол за јаболка, за пеликани и риби... симбол за дива и недопрена природа, сега – симбол за регион во кој има загадено езеро, појава на разни болести кај луѓето (висок процент на канцер), загадена почва, вода, но и намален број на туристи. Интензивното земјоделство во овој регион и несоодветниот третман на создадениот отпад е една од причините што доведе до горенаведените појави.

 

 

 

читај повеќе
 
И маркетингот ја загадува средината!

i-marketingot-1.jpgУште од времето на индустриската револуција, индустриските и земјоделските активности биле вршени без да се размислува на можните последици врз животната средина. Се ова се случувало бидејќи во тоа време луѓето не биле доволно запознаени со можните негативни ефекти кои можат да произлезат од овој вид на активности.

 

 

 

читај повеќе
 
<<  1 2 3 4 5 6 7  >  >>

Резултати 1 - 12 од 82