|
Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од кои 900
метри се под земја, а 400 метри над земја. На овој капитален проект
работиме веќе неколку години и тој ќе биде вистинска круна на
сообраќајните решенија во Скопје.
|
|
читај повеќе
|
|
|
Иле Николов е дипломиран градежен инженер зад кого
стои 30-годишно работно искуство во струката. Петнаесет години работи во
ГП "Пелагонија" – Штип, во погонот за производство и монтажа на челични
конструкции и други занаетчиски работи. По транзицијата кај Николов се
јави потребата, заедно со својот колега Аргир Лазовски, да создадат
своја компанија со истата дејност која тие најдобро знаат и умеат да ја
работат.
|
|
читај повеќе
|
|
|
На некого му е потребно да помине мало растојание за да го најде својот
пат, а нечија животна патека, пак, ги поминува границите на она што е
предодредено од раѓање и се слева со светот, токму како онаа на
архитектот Марио Ассиси, Македонец со италијанско потекло кој живее во
Ферара. За него, разбирањето на современата архитектура е разгледување
на дуалитети кои се движат од прагматично до утописко, од аналогно до
дигитално, од секојдневно до монументално. Живеете и работите во Ферара,
а често навраќате и во родната Македонија.
|
|
читај повеќе
|
|
|
Архитектот Иван Куцина работи на белградскиот Архитектонски факултет. Почнал како предавач на теориските предмети за понатаму сè повеќе да се приближи кон експериментите и истражувањето. Него го интересира општеството, транзицијата, промената и развојот на архитектурата како еден од најзначајните сегменти на нашето општество. Каде се наоѓа архитектурата денес во Србија, а каде позицијата на архитектот, какви впечатоци носи од Скопје, дали проектот на Заха Хадид е промашена инвестиција и зошто одлучил да стане архитект, Иван Куцина раскажува за новогодишното издание на "Порта 3".
|
|
читај повеќе
|
|
|
Пред десет години на македонскиот пазар на услуги од областа на
проектирање, маркетинг и хортикултура се појави компанијата Биро проект,
членка на групацијата АДИНГ. Започна со работа како мала компанија со
големи идеи, која за кратко време успеа да најде начин да ги понуди
своите иновативни решенија на пазарот. Во текот на своето десетгодишно
постоење, Биро проект континуирано го зголемува бројот на клиенти, како и
на вработени. Вработените во Биро проект денес претставуваат тим кој се
состои од искусни професионалци и млади ентузијасти.
|
|
читај повеќе
|
|
|
Фирмата "Инженеринг импекс СА" добивала повеќе награди во текот на своето повеќедецениско постоење, но годинава доби уште едно мошне важно призание - Главната награда за архитектура на град Скопје. Архитектот Мишо Арсов вели дека исклучителноста на објектот "Брути", за кој ја добиле наградата, е неговата хармоничност и отсуството на непотребна декорација. Да слушнеме кои се неговите гледишта за архитектонските трендови во светот и кај нас.
|
|
читај повеќе
|
|
|
"Работев две и пол години со два саати спиење", вели Крсто Тодоровски,
годинешниот добитник на наградата "Андреја Дамјанов", која ја доделува
ААМ. Голем е неговиот придонес од областа на просторното и
урбанистичкото проектирање во Македонија. Меѓу позначајните активности
се проектирањето на Хидрометеоролошкиот завод во Скопје, хотелот
"Макпетрол" во Маврово, реконструкција на Ристиќева палата,
ревитализација на манастирите "Св. Јоаким Осоговски" и "Св. Јован
Бигорски" и многу други.
|
|
читај повеќе
|
|
|
Ова е приказна за некое друго време. За времето што поминало и за луѓето
што својот работен век го поминале во далечни земји. Таму создавале,
граделе и биле сведоци на големите културни и политички промени. Ова е
приказна за југословенската изградба во своите најдобри денови. Приказна
за архитектурата, изградбата, за Африка, Азија, Југославија, Садам
Хусеин, за "Енергопроект".
|
|
читај повеќе
|
|
|
|
<< < 1 2 3 4 5 6 > >>
|
| Резултати 1 - 13 од 73 |